![132463207 бутел](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/12/132463207-9.jpg?resize=640%2C480&ssl=1)
Пријавувањето на празнично украсените дворови и куќи, граѓаните можат да го направат на шалтерот 1 во архивата на општина Бутел, на телефоните: 2 616-868 и 2 600-507 лок: 127, како и на меил адресата: [email protected].
Во пријавите граѓаните треба да остават лични податоци (име и презиме), адреса и контакт телефон, најдоцна до 28.12.2016 г. (среда).
Потоа, комисија составена од повеќе членови од општинската администрација ќе ги посети пријавените, по што ќе бидат избрани и прогласени трите најубаво украсени куќи и дворови, што ќе бидат соодветно наградени.
Наградите за најубаво раскажаните новогодишни приказни со помош на украси и светилки, ќе бидат доделени на 05.01.2017 (пред божиќните празници). Наградите ќе ги врачи градоначалникот Петре Латиновски.