![99504227](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/02/99504227.jpg?resize=675%2C310&ssl=1)
Општина Центар денеска соопшти дека претходното општинско раководство во периодот од 2011 и 2012 година склучило два договорa вредни 8.400.000 денари за обезбедување на спомениците од „Скопје 2014“.
Двете одбрани фирми „ЛУПУС“ ДОО Скопје и „МДН Обезбедување“ ДОО Скопје, како што е наведено во соопштението, биле регистрирани на иста адреса, но со различно име на фирма и различни сопственици.
Месечно општина Центар плаќала по 88.000 денари за патролирање и надгледување на плоштадот „Македонија“, како и за контрола на „Парк Жена Борец“ и „Капошово востание“. Средствата, како што е наведено во соопштението, општината ги исплаќала се до отстапувањето на спомениците од „Скопје 2014“ во надлежност на Град Скопје.
Од општина Центар додаваат дека веднаш алармирале за тоа оти неколку илјади евра се плаќале за поставување специјални свирчиња за бркање на птици од спомениците, додека за чистење на фонтаните биле ангажирани и двајца нуркачи со комплетна опрема.