![центар](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/04/centar.jpeg?resize=640%2C480&ssl=1)
Поради долг за ненаплатени побарувања градежната фирма „Бетон“ покрена судска постапка против Општина Центар. Фирмата го завршила својот дел од договорот, но не и Општината која му должела на „Бетон“ 1.806.793 евра.
Станува збор за побарување по основ извршени работи на дел од проектот Скопје 2014 и објекти во функција на овој проект. Сето ова беше по постапка направена од времето кога градоначалник беше Владимир Тодоровиќ, и завршено до 2013 година – велат од Општина Центар.
Станува збор за двата нови моста над Вардар, Мостот око и Мостот на уметноста.
Меѓу неисплатените услуги се и градежните работи за катната гаража Судска палата, како и спомен обележјето Паднати херои за Македонија. „Бетон“ ја изградил и Колонадата на љубовта и достоинството, како и фонтаните и партерното уредување на Плоштад Пресвета Богородица, кои исто така останале неисплатени во целост.