Општина Гази Баба потпиша меморандум со Турската асоцијација на Бизнис Ангели. Целта на овој меморандум, како што информираат од општината е да се создаде партнерство помеѓу општина Гази Баба и ТБАА (Турска асоцијација на Бизнис Ангели) и да ја продолжи соработката помеѓу бизнис ангели од Турција и ЕУ.
Меморандумот исто така се однесува и на размена на информации, можни инвестиции, обука и промовирање на бизнис ангел-инвестирање во своите земји.
Со потпишувањето меморандумот од страна на градоначалникот Тони Трајковски и претседателот на ТБАА, се поставија условите за соработка која ќе овозможи на општината зајакнување на стартап заедницата во Македонија спојувајќи ги претприемачите и ангел инвеститорите од Македонија и странство при што го стимулира почетокот и растот на малите и средни претпријатија како и подршката за отварање на нови работни места.