Жално е што лични судбини на луѓето, СДСМ ги користат за политички поени и ги злоупотребуваат лицата со посебни потреби, се вели во денешното соопштение на Општината.
-Општина Гази Баба во изминатите години континуирано му помага на семејството Петровски. Како жители на населбата Хиподром, општината помогна во изградба на летниковец за потребите на нивниот син и на семејството, кој по нивната преселба во населбата Ченто, истиот е дислоциран на новата локација во дворното место. Ова семејство во текот на изминатите години добило неколку пати еднократна парична помош од Комисијата за доделување на еднократна парична помош и пакети за празници од општината, а неколку пати општината Гази Баба во соработка со општина Дојран, им има овозможено бесплатно летување на детето и семејството, велат од општина Гази Баба.
Во однос на одржаната прес конференција на СДСМ од Гази Баба во која се користи семејството Петровски, кое има дете со посебни потреби, можеме да го кажеме следното:
Да не се замајува јавноста дека се работи за рушење на пристапна патека, која не е предмет на оваа инспекциска постапка, туку се работи за постапка по претходна пријава од граѓанин за доградба на просторија од куќата без соодветна документација.
Градежната инспекција постапила по претходна пријава од граѓанин, по што е констатирана категоризирана градба – доградба без соодветна документација, за што е донесено и Решение за отстранивање.
За истата оваа постапка, општината и инспекцијата се задолжени со Решение од страна на Државниот управен инспекторат од Министерството за информатичко општество и од Државниот инспекторат за урбанизам и градежништво при Министерството за транспорт и врски, во рок од 15 дена да постапат по Решението, бидејќи и до овие Институции е доставена истата преставка.
Општина Гази Баба постапува согласно Законските регулативи и прописи кои што важат подеднакво за сите граѓани