Општина Кисела Вода со апел за превенција од пожари

Општина Кисела Вода со апел за превенција од пожари
Општина Кисела Вода со апел за превенција од пожари

Општина Кисела Вода апелира до сопствениците на неизграденото градежно земјиште во Расадник, кое е во приватна сопственост да го уредат, да ги искосат нараснатите тревни површини, се со цел да се спречат несакани последици од пожари кои претставуваат потенцијална опасност за околината.
Имајќи ги во предвид летните температури кои ќе следуваат и потсетувајќи се на минатогодишните пожари на плацевите во Расадник, општина Кисела Вода апелира и до секој свој жител и сопственик на приватен имот за совесно однесување, одржување на својот двор и плац на оваа територија каде што општината нема ингиренции да интервенира.
Општина Кисела Вода ќе продолжи со своите тековни активности за одржување на тревните површни во сите месни и урбани заедници кои се во нејзина законска надлежност.