Скопската општина Шуто Оризари, денеска, свечено ќе ги додели доделени првите 100 решенија на граѓаните, за за легализација на диво изградени објекти.
Со цел исправање на долгогодишната неправда која им е нанесена на жителите на општина Шуто Оризари со задржување на нивните предмети за добивање на правото врз своите имоти, јас и мојот тим поставивме цел во првиот месец од нашата работа да доделиме 100 решенија за легализација на дивоградби. Успеавме со мал и посветен тим да докажеме дека сепак можеме и мораме да им ги вратиме правата на граѓаните, соопштува градоначалникот на шуто Орузари, Курто Дудуш.