![балашевиќ](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/11/balashevi-.jpg?resize=696%2C393&ssl=1)
Српскиот пејач Ѓорѓе Балашевиќ доживеал инфаркт, а тоа било причината за откажување на закажаните концерти, пишуваат српските медиуми.
Балашевиќ моментално се наоѓа во Институтот за кардиоваскуларни болести во Сремска Каменица, каде е хоспитализиран. На пејачот му биле вградени стентови.
Медиумите дознаваат дека Балашевиќ се чувствува добро и наскоро ќе биде пуштен на домашно лекување. Тој требаше да настапи во Крагујевац, но тој концерт е откажан.
“Драги Крагујевци и останата екипо која требаше да дојде вечерва на концерт… Жал ми е што морам да ве известам дека вечерашниот концерт се одложува. Животот понекогаш прави планови без нас и смета на нашето разбирање и што друго нѝ преостанува… Здравјето во секој случај е најважно и тука тешко што би можело да се додаде…
Џоле вели дека ќе донесе лекарско уверение ако ви е потребно, а јас се сомневам дека вие некогаш ќе го побарате тоа од него…”, напишала на Фејсбук неговата ќерка, Беба Балашевиќ.