Државниот секретар на американската сојузна држава Џорџија нареди повторно рачно да се пребројат сите гласови на претседателските избори од 3-ти ноември, имајќи предвид дека разликата меѓу актуелниот републикански претседател и објавениот демократски победник на изборите е само 14.111 гласови, или 0,3 отсто, а рачно пребројување може да има и во Пенсилванија.
Од штабот на демократот Џо Бајден велат дека не му е потребна Џорџија затоа што го минал прагот од 270 електорски гласови, откако како што објавија американските водечки медиуми победил во Пенсилванија. Но агенцијата задолжена за изборите сѐ уште не ги објави конечните резултати, имајќи ги предвид бројните тужби од штабот на републиканецот Доналд Трамп и неговата партија.
„Со толку мала разлика, тоа бара многу повторни пребројувања на гласовите во секој округ. Тоа ќе помогне во градењето доверба“ во изборниот процес, изјави државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер на прес-конференцијата во средата.
Рафенспергер предочи дека во оваа сојузна држава гласале околу пет милиони луѓе и истакна дека „Оваа трка може да има национална важност, национално значење“.
Медиумите забележуваат дека Џорџија може да стане важна, ако се променат резултатите и во другите држави. Апелациони судови во некои сојузни држави веќе одбија тужби од изборниот штаб на Бајден.
Меѓутоа, порталот realclearpolitics му ги „симна“ на Бајден 20-те електорски гласови, со кои не може да ги достигне 270-те гласови од ткн „електорски колеџ/колегиум“. Според интерактивната табела на веб-страницата се наведува дека Бајден во моментов има 259 електорски гласови, наспроти 214 на Трамп.
Според овие податоци, во Пенсилванија досега конечно се обработенни 97 отсто од гласовите, а Бајден и натаму е во водство со 49,8 отсто, додека Трамп има за 0,7 отсто помалку гласови. Така што исходот уште не е јасен, според овој извор. Со тоа Пенсилванија им се придружи на сојузните држави Аризона, Аласка, Северна Каролина и Џорџија, каде сѐ уште се бројат гласовите.
Според телевизиите NBC и CNN, Трамп си ја обезбедил победата во Аласка и по 75 отсто од преброените гласови, но оваа држава носи само три електорски гласа, по што републиканецот сега има 217 гласови, наспроти Бајден кој според овие извори има 279 електроски гласови.
Водечките американски медиуми сега сѐ уште не го предвидуваат резулататот од пребројувањето на гласовите во Северна Каролина, која дава 15 гласови, Џорџија има 16 и Аризона со 11 електорски гласови. И доколку сите ги освоите Трамп, сепак тие нема да бидат доволни републиканецот да дојде до неопходните 270 електорски гласови.
Трамп и републиканците тврдат дека изборите се украдени, дека се броени гласови кои не биле законски, дека на нивните набљудувачи не им бил дозволен пристап на местатат каде се броеле гласовите, особено оние добиени по пошта и по завршувањето на рокот, како и дека собираат изјави со сведоштва за манупулации на гласањето