4.8 C
Skopje
сабота, ноември 30, 2024

Ѓорѓиевски до Темелковски: 3 милиони денари за тендерот за чистење снег, а ефектот е нула

Денес му донесов и демонстрирав на градоначалникот во заминување Темелковски, да види како изгледа крупна сол за да знае што треба да се фрла по улиците кога ќе има снег, истакна Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните на Кисела Вода буквално беа оставени на милост и немилост, сами се организираа да го чистат снегот а улиците и тротоарите, она што е обврска на општината која не ја презеде – беа подмрзнати и затрупани со снег со што беше блокирана цела Кисела Вода. За ова сол граѓаните на Кисела Вода плаќаат 11.790 денари по тон, додека истата во Сопиште чини 3500 денари, рече тој и додаде:

„Дополнително, за еден ефективен час кој што го плаќаме на фирма формирана непосредно пред да биде распишан по трет пат огласот за зимско одржување плаќаме 4250 денари, а општина Сопиште, само 2500 денари. Понатаму, фирмата која го добила тендерот за чистење снег и на која ѝ плаќаме 4 пати поскапо од нормалното не го правеше тоа со специјализирана машина, туку со 1 багер кој наместо корпа за фрлање сол на него имаше корпа за ископ со што го оштети буквално цел асфалт во општина Кисела Вода. На крајот, прашањето ми е следно:
– За што беа наменети 3 милиони денари за овој тендер кога гледаме дека ефектот е нула, кој ќе понесе одговорност и во чии џебови завршија овие пари?“.