![к вода](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/10/k-voda-2.jpg?resize=696%2C928&ssl=1)
Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ги коментира нападите кон него од страна на градот Скопје и градоначалничката Арсовска, рече дека избегнува да ја коментира и дека таа е завршена приказна за скопјани:
– Избегнувам да ја коментирам Арсовска искрено, бидејќи сметам дека е завршена пријазна за Скопје и скопјани. Го видовме нејзиниот потенцијал и она што го направи во Скопје. Јас повеќе сум фокусиран на барање решенија и алтернативи за година дена од сега и начини како би го решавале транспортот во градот, како би ја средувале хигиената, какви проекти му недостасуваат на Скопје и што ќе треба да преземеме во тој дел, така да повеќе сум фокусиран на тоа прашање на перспективите и иднината на главниот град, отколку на политиканството на Арсовска – истакна Ѓорѓиевски за ТВ Сител.