Ѓорѓиевски и отец Оливер отворија нов хуманитарен пункт со организацијата „Свети Спас“

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го посети новоотворениот пункт на народната кујна на хуманитарната организација „Свети Спас“, лоциран во црквата Свети Георгиј во Кисела Вода. Со поддршка од Општина Кисела Вода, ова е ново место каде социјално загрозените граѓани преку програмата на оваа хуманитарна организација ќе добиваат бесплатен оброк и поддршка. Заедно со отец Оливер, беа поделени 225 оброци.

– Со големо задоволство сакаме да ја истакнеме нашата успешна и продолжена соработка со хуманитарната организација „Свети Спас“. Како општина Кисела Вода, сме горди сме што имаме партнерство со оваа организација која активно работи на подобрување на животот на нашите сограѓани. Денес, со радост, го отвораме новиот хуманитарен пункт во рамките на нашата општина, кој ќе биде сместен во црквата „Свети Георгиј-Кисела Вода“. Овој пункт ќе биде важен ресурс за сите оние кои имаат потреба од помош и поддршка. Се надеваме дека оваа иницијатива ќе допринесе за уште поголема солидарност и соработка во нашата заедница-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевки.