Ѓорѓиевски: Илинден ќе добие стадион, здравствен дом, дневен центар за лица со попреченост…

Александар Ѓорѓиевски, кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за општина Илинден во својот говор вечерва на митингот во Илинден, порача дека Илинден ќе добие нов стадион, нов Здравствен дом, зголемување на зелената површина, детски паркови во сите населени места, Дневен центар за лица со попреченост, поддршка за бизнис секторот, финансиската поддршка на младите брачни парови за секое новороденче, и многу други проекти за граѓаните на Илинден.

-Несомнено дека е дојдено време на нова генерација политичари, политичари со нови идеи, креативност, ентузијазам и енергија за промени. Промени кои ќе донесат подобро утре за сите луѓе, промени кои ќе донесат реформи и нови проекти.

Ѓорѓиевски рече дека неговата заложба е внесување на свежина во функционирањето на општина Илинден, како и враќање на довербата кај граѓаните преку креирање на политики кои ќе значат отвореност, модернизација, борба со локалната корупција, граѓанска вклученост и пред се почит кон поединецот и граѓанинот.

-Ќе работиме на исполнувања на ветените проекти со кои ќе обезбедиме подобар и поквалитетен живот во Илинден,верувам дека можеме со еден чесен пристап да направиме една поубава и понапредна Општина Илинден, посочи Ѓорѓиевски.

Тој вели дека силна општина и подобар животен стандард на сите граѓани значи и потреба од директна работа за зајакнување на сите локални области со цел подобар квалитет на живеење на граѓаните.

Ги нагласи следниве приоритети и проекти кои ќе бидат реализирани:

-Животната средина е приоритет во нашата програма, во која ветуваме изградба на фекална и атмосферска канализација во населените места во општина Илинден;

-Во делот на инфраструктурата ветувамe реконструкција и изградба на локални улици и патишта, како и изградба на клучки и кружни сообраќајници, изградба на нови пешачки и велосипедски патеки за поголема мобилност со кои ќе се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот;

– Еден од врвните приоритети е и изградбата на Здравствен дом;

– Ветуваме повеќе зеленило преку изградба на многу нови паркови и зелени површини во сите населени места, засадувањена 7000 садници секоја година, а се обврзуваме и дека најмалку 30% во сите идни урбанистички планови во општината ќе бидат зелени површини;

-Ќе се залагам за образование достапно за сите и подеднакви услови.

Тука предвидуваме реконструкција на повеќето училишни згради, изградба на паркинзи во училиштата, воведување целодневна настава во Илинден, школска кујна како и целосно опремување на училиштата со наставно – научни помагала. Како дополнителен стимул, ќе организираме и летен камп за најуспешните ученици.

-Се предвидуваат нови трим патеки, субвенции за граѓаните за купување на велосипеди, како и изградба на нов плоштад во Илинден;

-Ќе се изградат детски паркови во сите населени места, а воедно ќе има и инклузивни игралишта за деца со пречки во развојот, со цел нивна интеграција и вклучување во секојдневното живеење.

-Отворањето на дневен центар за лица со попреченост е одлична форма на заштита и згрижување на овие лица. Ќе има и бесплатен превоз за лицата со посебни потреби, изградба на пристапни патеки до сите јавни објекти, како и поддршка на клубовите и здруженијата на пензионери;

-Зголемена поддршка на бизнис секторот, преку развојна
инфраструктурата во економските зони, отворање на нови економски зони, нивна гасификација, поддршка на малите бизниси и младите занаетчии;

-Ќе се заложам за создавање на професионална, мотивирана и сервисно ориентирана општинска администрација, нејзина професионализација и експедитивност во решавање на барањата на граѓаните.

-Младите се во фокусот на нашата програма каде планираме серија мерки за нивна поддршка. Тука влегува финансиската поддршка на младите брачни парови за секое новороденче, формирање на младински совети и отворање на младински канцеларии со што би се зголемило учеството на младите во носењето на одлуките во општината – наброи Ѓеорѓиевски.

Заради реализација на сите овие проекти и целокупната програма Ѓеорѓиевски ја побара поддршката на граѓаните на Илинден.