Ѓорѓиевски кон Темелковски: Имавте четири години, граѓаните не ви беа приоритет, ние гарантираме до 70 хектари зеленило, мерни станици во секое населено место, прочистувачи за воздух во секоја училница

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски се соочи со противкандидатот на СДСМ, Филип Темелковски во емисијата на Телевизија 24.

„Темелковски вие имавте четири години да ги промените ДИП-вите доколку ценевте дека треба можевте преку Советот да направите нивна измена, за разлика од вас ние ќе се водиме од интересот на граѓаните и по ревизијата на постоечките ДУП-ви ќе има јавна анкета и нема да ги пратиме веднаш до институциите како што го направивте тоа со ДУП-от од Расадник, туку прво ќе има јавна анкета за да се консултираат нашите сограѓани“, посочи Ѓеорѓиевски.

Рече дека откако ќе бидат консултирани граѓаните ќе се пристапи кон вметнување на забелешките од граѓаните, затоа што граѓанинот треба да биде секогаш на прво место, па подоцна ќе бидат испратени тие планови на одобрување.

„Вие ги ставате граѓаните изминативе четири години во втор ред, тие не ви беа приоритет, а имавте доволно време за да ги промените работите, не го направивте тоа, сега веќе е доцна“, критикуваше Ѓеорѓиевски во Телевизија 24.

Во однос на аерозагадувањето Ѓорѓиевски посочи дека општина Кисела вода е една од општините кои има најмалку зеленило и паркови, или било каков рекреативен центар за кој за време викендите би го користеле граѓаните, за разлика од тоа Ѓорѓиевски гарантираше дека во програмата имаат сериозен акцент ставено, каде се предвидуваат до 70 хектари зеленило во Кисела вода за наредните четири години, преку паркови во секое населено место, како и планирани мерни станици во секое населено место како и околу детектираните загадувачи.

„Планираме одржување на улиците низ општината, како и прочистувачи за воздух во секоја училница во секое училиште низ општината, како и менување на кровните конструкции и фасадите на 60-тина згради, сето тоа за период од четири години“, нагласи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.