
Вака, почитувани, изгледа ул. Нагоричанска во Драчево после кратко врнење на дожд. Улица целосно реконструирана од страна на локалната самоуправа пред нешто повеќе од два месеци – ДВА МЕСЕЦИ, стои во Фејсбук статусот на Орце Ѓорѓиевски.
– Вака, почитувани мои сограѓани, се трошат нашите пари изминативе три години, на улици кои се со послаб квалитет и полошо се изведени после реконструкција, отколку пред реконструкцијата, улици со дебелина на асвалтот колку лист хартија, пишува тој.
– Повикувам надлежните институции да излезат на терен и да си ги санираат штетите, а тие што “стопиле” некој процент и пари од асвалтирањево да си ги вратат во буџетот на граѓаните и да сносат одговорност. Ова е срамота и непростливо во 21 век, вели Ѓорѓиевски.