Ѓорѓиевски: Наскоро „Дупки” ќе биде посакувана локација за одмор и рекреација

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски е задоволен од напредокот на работата во месноста „Дупки”. Тој денес изврши увид во градежните работи за расчистување на депонијата, со цел на ова место да се изгради парк. Поразговара со претставниците од фирмата изведувач за да се евидентираат евентуалните проблеми при работата и уште еднаш ја искажа својата намера, сите постоечки депонии во општина Кисела Вода да се исчистат и да се претворат во паркови.

-Со одлично темпо се одвива чистењето, а веднаш потоа започнуваме со изградба на зелен парк. Граѓаните на 4000 квадратни метри, ќе добијат зелени површини, патеки за прошетки и рекреација, детско игралиште, катче за пензионери, ќе поставиме клупи и корпи за отпадоци. Од место кое го избегнуваа, ова ќе биде посакувана локација за одмор и рекреација. Веднаш по Дупки, стратуваме со градежни активности на друга депонија во општината. И таму ќе направиме парк. И ова ќе се случува се до последната депонија во Кисела Вода-најави градоначалникот Ѓорѓиевски.