Орце Ѓорѓиевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ е новиот градоначалник на скопската општина Кисела Вода по неделните локални избори.
Според официјалните податоци од Државната изборна комисија (ДИК), Ѓорѓиевски освоил 52,50 отсто од гласовите или во бројка тоа се 14.691 глас
Неговиот противкандидат и досегашен градоначалник на Кисела Вода, Филип Темелковски од СДСМ, добил 27,48 отсто од гласовите или 7.691 глас.
Зад нив се Јулијана Штрковска-Колариќ од Левица, Ѓулистана Марковска од ЛДП\ДОМ и Росалинда Марковска од ТМРО.