Ѓорѓиевски потпиша 100 решенија за легализации и ги достави до граѓаните

Градоначалникот ма Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска потпиша 100 решенија за легализации, на граѓани кои со месеци чекаа остварување на своето граѓанско право.

„Граѓаните на Кисела Вода повеќе не смеат да бидат жртви на неажурноста на општинската администрација.
Отсега, секој поднесен документ ќе биде процесиран во најбрз можен законски рок, а администрацијата ќе биде вистински сервис на граѓаните.
Денес, потпишав 100 решенија за легализации и лично заедно со мојот тим ги доставивме на граѓаните кои со месеци чекаа остварување на своето граѓанско право.
Кисела Вода мора да биде општина од 21.век, општина во која секој ќе биде еднаков. Кисела Вода за сите луѓе!“, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.