Во рамки на роденденската седмица што се одвива во Општина Кисела Вода и во која синоќа беше затворено четиридневното Културно лето, секојдневно се реализираат и поголеми инфраструктурни проекти. Денес, градоначалникот Ѓорѓиевски ја посети Пинтија. Тука започнува реконструкција на патна инфраструктура на површина од преку 5000 квадратни метри. Се работи за улиците “Саса 12” со сите нејзини краци и за сите краци на “Јабланица”. Улици кои не биле обновени триесет години.
-Започнуваме со еден поголем проект за реконструкција на улици во Пинтија кои биле заборавени повеќе од три децении. Во периодот што е пред нас ќе работиме на улиците “Саса 12” со сите нејзини краци и на сите краци на улицата “Јабланица”. Ќе се врши асфалтирање и поплочување со павер елементи на површина од над 5000 квадратни метри. Како што ветив, патната инфраструктура низ целата општина, до крајот на мојот мандат, а и порано од тоа, ќе биде обновена со што ќе овозможиме одлични услови за одвивање на сообраќајот и ќе го унапредиме квалитетот на живот во сите населби и населени места низ општина Кисела Вода-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.