Ѓорѓиевски: Се чисти снегот во Кисела Вода, а службите на општината се достапни 24 часа за граѓаните кои имаа потреба од дополнителна интервенција за расчистување на снегот

Уште од раните утрински часови на терен сме заедно со општинската администрација и сезонските работници за целосно расчистување на снегот на територија на општина Кисела Вода.

За неопходните потреби на граѓаните на располагање се ставени сите службени возила.

Исто така, службите на општината се достапни 24 часа за граѓаните кои имаа потреба од дополнителна интервенција за расчистување на напластениот снег.

Контакт може да се оствари на телефонскиот број 075/309-548 (Далибор), на [email protected] или на фејсбук страницата на општина Кисела Вода.

Снегот се чисти со механизација, се фрла сол на замрзнатите површини со цел граѓаните да можат непречено да стигнат до своите работни места.

Исчистени се и приодите до градинките, тротоарите и пешачките патеки. Интензивно се работи на Теферич, во Припор, во Драчево, во моментов се чистат Пржино и Црниче. Ќе бидат опфатени сите месни и урбани заедници низ општината. Координирано, заедно со службите на градот Скопје се работи на расчистување на булеварите и автобуските постојки.

Апелираме и до сопствениците на деловните објекти да ја исполнат својата законска обврска за расчистување на снегот од пред влезот на објектот, а исчистениот снег да не го фрлаат на улиците со што би ја отежнале работата на нашите служби. Ваква обврска имаат и сите други граѓани кои треба да го расчистат снегот пред своите дворови и влезовите на станбените згради и со тоа да овозможат проодност и непречен пристап до објектите.