![Орце-Ѓорѓиевски](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/11/Orce-or-ievski.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
ВМРО-ДПМНЕ го повика Јавното обвинителство да покрене постапка против Ден Дончев, но и против главата на, како што велат, криминалниот октопод Зоран Заев. Доколку ги игнорираат видео и аудио материјалите кои излегоа во јавност директно се ставаат во услуга на криминалците од власта и стануваат нивни соучесници. Во нормална држава денес Зоран Заев и Ден Дончев ќе беа со лисици на рацете, рече денеска на прес-конференција Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
– Во само 30 секунди снимен материјал, нашите граѓани вчера го видоа целиот трулеж на власта на Зоран Заев. Го видоа рекетот врз стопанственици, инвеститори и граѓани кој три години бил пракса на оваа криминогена власт. И сѐ почнувало со зборовите имаме пас од Заев, како што впрочем вели Дончев во еден од снимените материјали емитувани на интернет. Погледнете ја почитувани, снимката, и видете со која смиреност Ден Дончев зема нечии крваво заработени пари, и сето тоа нормално не би било можно, без како што вели тој пасот од Зоран Заев. После ваква снимка каде извршителот е инфлагранти фатен со сноп пари во рака, ЈО требаше уште веднаш да постапи и да го викне Дончев на распит, да отвори предмет против него и да го стави во притвор. Ништо од ова не се случи. Затоа што со ЈО за организиран криминал раководи Вилма Русковска, обвинител кој целосно ги игнорираше сите искази и докази на Боки 13, дека кај Заев завршиле парите од „Рекет“ – рече Ѓорѓиевски.
Тој го повика Заев да одговори каков пас му дал на Дончев и за што и каде влегла полицијата.
– Заев и Дончев го злоупотребувале целиот државен систем и го ставиле во полза на нивните криминогени дејствија. Државата буквално била злоупотребувана за рекетот на власта.