![Capture](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/02/Capture-17.jpg?resize=696%2C539&ssl=1)
Земјоделците од регионот на Могила се разочарани и излажани, иако им беше ветувано загарантиран откуп, денеска нивното производство им скапува.
Денес сум во општина Могила, односно во Ивањевци и Долно Српци.Овој крај живее од преработка на тутун, на многу луѓе е единствена егзистенција а власта во заминување ги излажа и разочара, пишува Орце Ѓорѓиевски.
-Токму Зоран Заев им ветуваше дека кога ќе дојде на власт откупот ќе биде загарантиран, а откупувачите ќе се тепаат кој повеќе да откупи. Сега не само што не се тепаат кој повеќе да откупи, туку целото производство скапува по
нивите, а земјоделците не знаат како ќе преживеат, вели членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски.
Но уште малку. Ние нема да дозволиме некој да си поигрува со судбината на овие мали дечиња. Наскоро доаѓаат политичари на кои ветувањето ќе биде исполнување, а не празен збор, порачува Ѓорѓиевски.