Бројните поднесени амандмани за предлог-буџетот се поради тоа што предложениот буџет е лошо посочен и тие предложиле амандамани за да го подобрат квалитет на животот на граѓаните, посочи пратеникот и член на Изврниот комитат на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов во емисијата „24 анализа“.
„Во овие амандамни се содржани капитални инвестиции кои се предизборни ветувања на власта, а кои не се реализирани. Тие се однесуваат на нереализираните објекти за граѓаните од Штип и источна Македонија кои јас ги застапувам“, рече Јорданов.
Потенцираше дека со ваквиот потег на опозицијата се сака да ѝ се помогне на власта, која не ги реализирала ветените проекти.
Еден од амандамните е гасификацијата во Штип, за кој рече дека лично го поднел, е да се одвојат сретства за таа намена, а Јорданов укажа дека четврта година не се реализираат проекти, особено со гасификацијата и актиелните власти, и на локално и на централно ниво, не го довршуваат проектот од ВМРО-ДПМНЕ за главниот гасовод кој треба да биде дистрибуиран низ цела држава.
„Чесно е да кажете зошто не се одлучувате на овој чекор, особено во општина Штип, а немате подземен катастар, немате направено основен проект да знаете што има под земјата“, посочи Јорданов.
Смета дека е нечесно пред секој преизборен циклус да се манипулира и исткана дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата којаштоа ја започна гасификацијата, и тоа во два крака.
„Едниот крак стиса до Штип и тој крак требаше да се продолжи до Битола и до Охрид, а тој процес е четврта година во реализација. Вториот крак е до Тетово кој сѐ уште не е направен, а во предизборната програмата се ветуваше гасификација во првите две години“, рече Јорданов.