Орав: Останува отворено уште едно прашање

По речиси 12 часа преговори претставниците на четирите партии потписници на Договорот од Пржино постигнале договор за многу прашања прашања, со исклучок на едно.

Ова по средбата во изјава за медиумите го потенцира евроамбасадорот Аиво Орав, без да прецизира за кое отворено прашање станува збор.

Завршена е навистина значителна работа за која беше потребно многу време. Многу прашања беа договорени, но се уште има едно прашање кое е отворено, и поради тоа, за жал, не бевме во состојбата постигнеме договор, односно партиите не беа во состојба да постигнат договор вечерва. Се надевам дека ќе продолжиме што е можно поскоро, изјави Орав.

Партиските претставници Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шекеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА по средбата не дадоа изјави за медиумите.