Политичките партии повторно да се вратат и да се вклучат во работата на работните групи со цел што поскоро да постигнат решенија за исполнување на обврските од договорот од Пржино, без да губат време, порача денеска евроамбасадорот Аиво Орав.
На 20. октомври истекува многу важен рок и согласно договорот од Пржино треба да се заврши многу работа. За жал нема многу време. Се надевам дека работата ќе биде завршена до зададениот краен рок и дека сите политички партии повторно ќе се вратат и ќе се вклучат во работата на работните групи без да губат време. Партиите треба да продолжат да работат и да најдат решенија што е можно поскоро, рече Орав кој денеска присуствуваше на одбележувањето 20 години дипломатски односи на Република Македонија со 19 земји од светот, пренесе МИА.
Во однос на работата на специјалниот обвинител Катица…