Во однос на работата на специјалниот обвинител Катица Јанева тој рече дека внимателно ја следат ситуацијата.
Законот беше усвоен од мнозинството во Парламентот, сите четири најголеми партии го поддржаа Законот и изборот на специјалниот обвинител како личност, а исто така и Советот на јавни обвинители го одобри нејзиното назначување.Затоа верувам дека е повеќе од нормално на неа да и бидат дадени доволно ресурси за да работи правилно, рече амбасадорот Орав.
Пораката од Брисел се очекува попладнево и во текот на утрешниот ден на лидерите на политичките партии да им ја пренесе известувачот во Европаламентот за Република Македонија Иво Вајгл.