Орбан бара исплата на европските пари поради бегалската криза

Унгарскиот премиер Виктор Орбан побара од Европската комисија да ги исплати сите средства од Фондовите на ЕУ доделени за неговата земја, вклучително и заем во рамките на инструментот за закрепнување за да ѝ помогне на Унгарија во справувањето со украинската бегалска криза, изјави во вторникот неговиот портпарол.

Според копијата од писмото датирано од 18-ти март, упатено до претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен и испратено по електронска пошта до агенцијата Reuters, Орбан навел дека Унјарија сака да користи заем за одбрана, контрола на границите, како и хуманитарните и другите акутни задачи за управување со кризата.

Европската комисија не го одобри полскиот и унгарскиот план за закпремнувањето од пандемијата на коронавирусот, бидејќи тврди дека двете земји сѐ уште не ги исполниле препораките во врсја со владеењето на правото во двете држави што е долг споре меѓу Брисел, од една, и Варшава и Будимпешта, од друга страна.

Извршното тело на Европската унија е во судир со двете суверенистички влади по низа прашања, вклучително и слободата на медиумите, правата на ЛГБТ лицата. Шефицата на ЕК, фон дер Лејен мината година ја обвини Унгарија и за корупција и порача дека мора да стори повеќе во борбата против корупцијата.

Орбан, кој е во кампања за парламентарните избори на 3-ти април, изјави дека Унгарија примила повеќе од 450.000 бегалци од Украина и ситакна дека „поделената одговорност“ на државите членки на ЕУ е клучна во услови на криза.

„За таа цел Унгарија бара само непосреден и ефикасен пристап до средствата на ЕУ кои ѝ се доделени и да може да ги користи на флексибилен начин во цело кои се најсоодветни за соочување со кризата“, напушал Орбан во споменатиот допис.

Унгарија минатата 2021 година одби да ги искористи заемите во износ од околу 9 милијарди евра во рамките на инструментот за закрепување и отпорност на ЕУ, но според писмото на Орбан сега го променила ставот.

Будимпешта „бара итнн обезбедувањео на доделениот заем“ во рамките на споменатиот инструмент, додава унгарскиот премиер.