Орбан: Честитки за Трамп, а сега ние мораме да го „окупираме Брисел“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, еден од ретките европски челници кои имаат блиско односи со Доналд Трамп, му честиташе на новиот американски претседател, велејќи дека суверенистичките сили, зајакнати со инаугурацијата на Трамп на чело на Соединтетит држави, сега мора да го „окупираат“ Брисел.

„Му честитаме на претседателот @realDonaldTrump! Сега е нашиот ред да блеснеме! На нас е редот да го окупираме Брисел!“, порача Орбан на социјалната мрежа Х/

Иако Виктор Орбан не отпатува во понеделникот во Вашингтон, тој се сретна со Доналд Трамп трипати минатата година и го поддржува од 2016 година. Двајцата челници ги обединува истиот презир кон самоповиканите политички неолибертаријански елити и истата неприфаќање на имиграцијата, а се согласуваат и за итноста за решавање на конфликтот во Украина, критикувајќи го испраќањето воена помош за Киев, што според нив самопридносесува за поголем број жртви без никакво решение на војната.

Унгарскиот челни веќе вети дека ќе го „окупира Брисел“ по европските избори во јуни 2024 година. Тој ја основа новата радикална десничарска група „Патриоти за Европа“, третата политичка сила во Европскиот парламент. Меѓутоа, во рамките на Еврспката комисија, на Унгарецот Оливер Вархеји му беше дадено само скромно портфолио за здравјето и благосостојбата на животните.