
И покрај протестите и спротивставувањето на опозицијата, бројот на прекувремени часови годишно во Унгарија се зголемува од 250 на 400 во новиот закон кој го донесе владејачката Фидес на премиерот Виктор Орбан.
Објавувањето на одлуката за зголемување на дозволените прекувремени часови предизвика големи протести во земјата.
Унгарскиот парламент усвои контроверзен закон за пофлексибилно работно време во средата, во затегната атмосфера со противење на опозицијата, која тврди дека е „закон за сопственици на робови”.
Законот, со кој значително се зголемува бројот на прекувремени работни часови што работодавачите можат да побараат, беше усвоена со 130 гласови за, против 52 против и еден воздржан, објави Хина.
Во текот на утрото, пратениците на опозицијата се обидоа да го спречат гласањето во ретка демонстрација на единство против претставниците на конзервативната партија на премиерот Виктор Орбан.
Партијата Фидес на Орбан има двотретинско мнозинство во Парламентот.
Противниците на законот посочуваат дека тоа е резултат на притисокот од германските производители на автомобили, столбот на унгарската економија, поради недостаток на работна сила во земјата.
Орбан изрази задоволство од донесувањето на законот, велејќи дека тоа е „важен и добар закон” кој ќе им користи на работниците.
Владата е на страната на работникот, рече Орбан, додавајќи дека измената на законот ќе им овозможи плус пари на оние кои сакаат да ги зголемат своите приходи.