Орбан ќе го покани Нетанјаху во Унгарија и оцени дека налогот за негово апсење е погрешен

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, изјави дека ќе го покани израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја посети Унгарија додавајќи дека ќе гарантира дека налогот за ново апсење издаден од меѓународниот кривичен суд, нема да се почитува.

Вчера, судот издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант, како и лидерот на Хамас Ибрахим Ал-Масри, за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото во конфликтот во Газа.

Орбан, чија земја претседава со Европската Унија, изјави дека налогот за апсење на Нетанјаху е погрешен. Американскиот Претседател Џо Бајден, го нарече налогот за апсење на Нетанјаху „срамотен“.

„Што и да имплицира. Меѓународниот кривичен суд, не постои никаква еднаквост, меѓу Израел и Хамас“, рече Бајден.

„Ние, секогаш, ќе стоиме со Израел, против заканите, за неговата безбедност“, додаде, амероканскиот Претседател.

Европа и САД, се поделени во нивниот одговор на налогот при што неколку европски земји велат дека ги почитуваат одлуките на Меѓународниот кривичен суд. Британската Влада соопшти, дека ја почитува независноста на судот.