Орбан: ЕУ не може сама да ја финансира војната на Украина против Русија

Европската унија треба да ја разгледа својата помош за Украина по победата на републиканецот Доналд Трамп на претседателските избори во САД, изјави во петокот унгарскиот премиер Виктор Орбан, додавајќи дека Европа не може сама да го „финансира“ Киев во борбата против Русија.

Орбан, премиерот на Унгарија која претседава со ЕУ до крајот на годината, е домаќин на неформалниот самит на Унијата и другите европски челници во Будимпешта. Едно од главните прашања на самитот ќе биде иднината на помошта за Украина по победата на Трамп.

Републиканецот го критикуваше нивото на американската помош за Киев, а за време на претседателската кампања вети дека ќе стави крај на војната уште пред официјално да ја преземе функцијата на 20 јануари, но не откри како.

Европските земји не успеваат да постигнат единство по прашањето за Украина, а ситуацијата дополнително се комплицира со внатрешно-политичките превирања кај двете најсилни членки – слабеењето на француската влада по предвремените избори и падот на германската владејачка коалиција.

„Американците ќе ја напуштат оваа војна, но прво нема да ја охрабруваат“, рече Орбан, сојузник на новоизбраниот американски претседател, посочувајќи дека „воениот пораз“ на Украина е „очигледен“.

„Европа не може сама да ја финансира оваа војна. Некои сè уште сакаат да испратат огромни суми пари за таа изгубена војна, но расте бројот на оние кои молчат или претпазливо предупредуваат дека прво мора да се прилагодиме на новонастанатата ситуација“, додаде Орбан во интервју за унгарското радио, како што пренесува Reutes.

ЕУ и нејзините членки се, заедно со САД, најголемиот донатор на Украина уште по превратот што Западот го поддржа во Киев во 2014 година, а повеќето европски лидери изразуваат силна поддршка за Киев и континуираната помош. Германскиот канцелар Олаф Шолц во петокот во унгарската престолнина го повтори тој став, но нагласи и дека Европа треба да ја зајакне одбраната.

„Русија ја нападна Украина и ја продолжува таа војна подеднакво рутално. Едно прашање е сосема јасно: заедно како Европска унија, како Европејци, мораме да направиме сѐ што е потребно за нашата безбедност. Посебно ќе биде успешно ако сите придонесат“, рече германскиот канцелар.

Повик за примирје

Орбан повика на итен прекин на огнот во Украина, по што би следеле мировни преговори меѓу Киев и Москва. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така во Будимпешта, ги отфрли таквите понуди/

„Тоа е многу страшен предизвик за нашите граѓани: прво примирје, а потоа ќе видиме. Кои сте вие? Дали вашите деца умираат?. На пример, лидер кој е против Украина во НАТО повикува на примирје. Замислете… тоа е глупост и раздор“, праша Зеленски на прес-конференција во четвртокот, само неколку минути по повикот на Орбан за примирје.

На состанокот на европските лидери само Орбан и словачкиот премиер Роберт Фицо повикале на промена на стратегијата кон Украина, додека другите сметаат дека тоа функционира, изјавил изворот за Reuters.

Но, и тие се свесни дека се соочени со можност за намалување на американската помош за Украина и дека треба да почнат да зборуваат за одговор на тој факт.

Фицо, кој ја прекина помошта на неговата земја за Украина откако дојде на власт пред една година откако магацините на словачката армија беа сосема испразнети а Словацие се соочија со економски проблеми и пад на стандардо под претходната влада, рече дека Словачка ќе се спротивстави на идејата ЕУ да преземе „финансиска одговорност“ за Украина доколку САД под Трамп ја прекинат својата помош.

Во објава на својот Facebook профил, Фицо рече дека ако ЕУ може да најде средства за Украина, тогаш тоа може да го стори и за борбата против илегалната миграција, која ја смета за „егзистенцијална закана“ за алијансата.

Орбан, пак, смета дека „најголемиот проблем на Европа“ е тоа што ги игнорира оние со кои треба да се консултира – односно граѓаните, пренесува унгарската агенција MTI,

„Ако не одите во Москва, Киев и Пекинг, ако го критикувате и презирате Доналд Трамп наместо да го третирате како следен американски претседател, како планирате да ја планирате иднината:“, праша Орбан во радио интервју.

Победа на Трамп од Марс

Осврнувајќи се на неговите посети на Киев и Москва и разговорите со челниците на Турција и Кина, вклучително и актуелниот американски претседател Џо Бајден и тогашниот кандидат Трамп, Орбан рече дека доставил извештај до своите европски колеги.

„Сега ситуацијата е токму онаква каква што предвидовме. Ниту еден лидер не може да каже дека бил изненаден или дека очекувал поинаку, бидејќи резултатот на унгарската мировна мисија беше дека сето тоа може да се предвиди“, рече Орбан.

Тоа, продолжи Орбан, не е затоа што Унгарците „ја гледаат иднината или се вешти во предвидување на броевите на лотаријата“, туку затоа што „преку комуникацијата се разбира што ќе се случи следно“, продолжи Орбан.

За Трамп, чија победа е толку убедлива што „се гледа од Марс“, Орбан вели дека ќе води „мир наместо војна“, „антиимигрантска политика наместо миграција“ и „да ги штити семејствата наместо пол“.

Политиката на новиот американски претседател „ќе донесе промени во светот и Европејците ќе мора да реагираат“, заклучи тој.