Орбан: Европа е најголемиот губитник од конфликтот во Украина и санкциите против Русија

Говорејќи за програмата на унгарскиот јавен сервис Радио Кошут, Премиерот Орбан истакна дека може само да ја намали штетата од санкциите за неговата земја, пренесува Тасс.

Орбан нагласи дека „само Германците или Французите можат да го променат ставот на ЕУ за санкциите“, а за тоа не се доволни политичките ресурси на Унгарија.

Според него, некој од раководството на ЕУ треба конечно да каже „Луѓе, сè уништивме, време е да престанеме“, бидејќи проблемите предизвикани од санкциите само ќе растат.

„Доколку тоа се случи, цените на енергенсите веднаш ќе паднат, а инфлацијата ќе се преполови со нив“, рече Орбан.

Тој уште еднаш повтори дека Европа е најголемиот губитник од конфликтот во Украина и од санкциите наметнати на Русија и дека САД имаат само корист од ова.

„Од економска гледна точка, единствениот или барем главниот губитник во војната во Украина е Европа“, додавајќи дека „Америка дефинитивно победува“ и дека „дискутабилно е дали Русија ќе победи или ќе изгуби“, изјави Орбан.