Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги отфрли во средата во Европскиот парламент како неосновани обвинувањата дека со новиот закон за високото образование сака да го забрани Централноевропскиот универзитет (CEU) во унгарската престолнина Будимпешта и го обвини неговиот финансиер Џорџ Сорос дека со финансиските шпекулации ги уништил животите на милиони луѓе.
„Опстанокот на CEU не е во опасност, тоа обвинување е лажно и неосновано“, изјави унгарскиот претседател Виктор Орбан на пленарната седница на Европскиот парламент, на којшто пред него зборуваше првиот потпретседател на Европската комисија, Франс Тимерманс, кој појаснуваше зошто ЕК токму поради тоа покрена постапка против Унгарија.
Еропската комисија претходно во средата отвори постпка против „кршењето на европското право“ против Унгарија поради нејзиниот закон за високото образование со кој од странските универзитети во земјата се бара и да имаат кампуси во матичните земји, што го загрозува Централноевропскиот универзитет во Будимпешта.
ЕК по анализата на унгарскиот закон заклучила дека тој е не во согласност со „основните слободи на пазарот“, особено во поглед на слободата на пружање услуги и делување, како и во поглед на академската слобода, право на образование и слободата за работење согласно Повелбата за темелните права на Европската унија, како ниту со правните обврски на ЕУ според меѓународното трговски права.
Орбан го обвини американскиот берзански шпекулант од еврејско-унгарско потекло Џорџ Сорос, кој во 1991 година го основаше CEU во Будимпешта, како финансиски шпекулант кој „им ги уништи животите на милиони Европјеци, а и покрај тоа во Брисел го промаат на највисоко ниво.
Дел од пратениците во ЕП со силен алауз го проследија ова излагање на Орбан, Тој, исто така, го обвини Сорос и дека сака секоја година да доведе по милион мигранти во Европа.
„Ние сакаме да одлучуваме со кого сакаме да живееме. Сорос и неговите невладини организации сакаат да доведат милион мигранти годишно“, рече Орбан.
Притоа истакна дека Унгарија е „горда земја приврзана на европските христијански вредности“.
„Унгарија и унгарскиот народ се приврзани на Европската унија, во тоа нема дилеми, затоа ја потпишав Римската декларација, но во многу аспекти сме незадоволни како ЕУ работи. Сакаме да ја реформираме ЕУ, тоа е единствениот начин да се здобие довербата на луѓето во европските иснтитуции“, порача Орбан.
Исткана дека иницијативата „Да го запреме Брисел“ како дел од јавната расправа е наменета на тоа владата да добие повратна инфроамција за политиките на ЕУ.
Секое домаќинство во Унгарија доби преку пошта пред извесно време прашалник насловен „Да го запреме Брисел“ со шест прашања и со неколку понудени одговори на секое од прашањата. Со прашалникот е приложено и писмо на премиерот Орбан во коешто го повикува „унгарскиот народ да застане во одбрана на националните вредности и да го пополни прашалникот за да се поддржат напорите на владата во борбата против погрешните предлози од Брисел“.
Европската комисија оцени дека споменатиот прашалник содржи многу наводно погрешни тврдења и ги објави фактите кои според неа ги негираат тие тврдења.