Конзервативниот унгарски премиер Виктор Орбан ја бранеше во петокот своката кампања против претседателот на Европската комисија, на којашто реагира Брисел, а во која Жан-Клод Јункерекр е прикажан како поборник на нелегалните имиграции.
На официјлната страница на Facebook на владата на Унгарија, прикажан е постер на кој се челникот на ЕК, Жан-Клод Јункер и американскиот берзански шпекулант од еврејско-унгарско потекло Џорџ Сорос, со пропратен текст: „Вие, исто така, имате право да знаете што Брисел ви подготвува“.
„Тие сакаат да воведат задолжителни мигрантски квоти. Сакаат да го намалат сувереното право на државите членки (на ЕУ) на заштита на сопствените граници. Тие би овозможиле имиграција со помош на мигрантски визи“, пишува уште на плакатот.
Европската комисија остро ги отфрли ваквите обвинувања, тврдејќи дека официјална Будимпешта „шири лажни вести“.
Но унгарскиот премиер Виктор Орбан, чија партија Фидеш заедно со другите партии од централна Европа коишто, исто така, се противат на имиграциите имаат големи шанси на европските избори во мај, не попушти ниту во петокот.
„Таквата кампања ги разобличува бриселските бирократи. Моменталното мнозинство во Брисел сака да ја засили имиграцијата којашто ќе довед до тоа Европа повеќе да не им припаѓа на Европејците“, рече Орбан во неделното интервју за унгарското државно радио.
Јункер во вторникот рече дека партијата Фидеш би требало да биде исклучена од Европската народна партија (ЕPP), споредувајќи го Виктор Орбан со челничката на француската крајна десница Марин Лепен. Има и други повици, главно од неолибералните етаблирани политичари, партијата Фидеш поради острата противимигрантска политика да биде исклучена од групацијата којашто ги обединува партите на христијанските демократи, десниот центар и на конзервативците.
Фидеш е доминантна во Унгарија и јасно е дека ќе освои голем број мандати на мајските избори за Европскиот парламент, па оттаму исклучувањето на оваа партија од EPP ќе ја ослаби оваа сега најсилна претеничка група.
Унгарија беше првата земја во Европската унија, којашто во 2015 година зазема тврд став во однос на масовните имиграции од Блискиот и Далечниот исток, како и од Африка, на европскиот континент. Многу брзо вакви ставови заемаа и другите членки на ткн Вишеградска група – Чешка, Словачка и Полска, кои се спротиставија на задолжителните квоти за распределба на имигрантите во земјите членки на ЕУ.