Орбан го осуди рускиот напад, Унгарија подготвена да прими бегалци од Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска го осуди рускиот воен напад врз Украина.

„Со нашите сојузници од ЕУ и НАТО, го осудуваме рускиот воен напад“, рече Орбан по состанокот на безбедносниот кабинет, додавајќи дека Унгарија ќе остане на маргините на воениот конфликт бидејќи безбедноста на Унгарците е најважна.

Тој додаде дека Унгарија ќе обезбеди хуманитарна помош за Украина и дека е подготвена да ги прими луѓето кои бегаат од агресијата.