Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

Интегрално соопштение од ВМРО-ДПМНЕ:

Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески.

СДС со денови и месеци шири лаги дека парите од унгарскиот кредит се кинески, сега сите нивни лаги се распрснаа.

Богданка Кузеска велеше : „Парите за унгарскиот кредит се всушност кинески пари. “

Вчера премиерот на Унгарија, господин Виктор Орбан јасно кажа: ” Она што се однесува до заемот, кинески заем не можеме да даваме, кинески пари не можеме да даваме. Бидејќи ние со Кина имаме договор сите пари кои доаѓаат од Кина одат на конкретни проекти за развој во Унгарија. Значи кинески пари не можеме да даваме, европски пари можеме и тие ќе ви ги даваме.”

Условите од кредитот се исклучително поволни за Македонија. Со каматна стапка од 3.2%, ги добиваме најдобрите услови на пазарот моментално.
Дополнително рокот за отплата е 15 години, од кои 3 години се грејс период.

Стопанството ќе добие 250 милиони евра од тие пари по истите услови по кои и зема државата.

Општините ќе ги добијат остатокот од 250 милиони евра, кои ќе бидат наменети за капитални проекти.

СДС се противи на развојот, СДС сака Македонија да стагнира, затоа се против Унгарскиот кредит, а во истовреме се и лицемерни, затоа што нивните градоначалници први поитаа да конкурираат за парите кои ќе ги дава владата.

СДС се прочитана книга. Македонија економски ќе се трансформира и тоа СДС не може да го запре.