Унгарската опозиција не успеа во неделата да го нарушу двотретинското мнозинство на партијата на премиерот Виктор Орбан во парламент, по победата на делумните парламентарни избори во неделата, покажуваат првичните резултати.
Суверенистичката партија Фидеш на Орбан ја задржа шестата изборна единица Борсод, на истокот од Унгарија, каде што нејзината кандидатка Софија Конц освои 51 отсто од гласовите, а единствениот кандидат на обединетата опозиција Ласло Биро освоил 46 отсто од гласовите.
Откако успеа да победи на изборите за градоначалник на главниот град Будимпешта пред една година, унгарската опозиција се обидува да се обедини на изборите, за да го симне од власт Фидеш кој ја формира владата последните десет години.
Со денешните резултати, Фидеш ги задржа 133-те мандати од вкупно 199-те во парламентот на Унгарија.