Орбан го замолил Путин да прогласи примирје во Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој во неделата ја оствари четвртата последователна победа на парламентарните избори, изјавил во средата дека „долго телефонски“ разговарал со рускиот претседатл Владимир Путин и оти го замолил веднаш да прогласи прекин на огнот во Украина.

„Орбан изјави дека го поканил Путин на мировни преговори во Унгарија, со учество на уркаинскиот и францускиот претседател, како и на канцеларот на Германија. Рече дека одговорот на Путин е позитивен, но рускиот претседател предупредил дека ќе има услови (за преговорите)“, пренесува агенцијата Reuters од прес-конференцијата на унгарскиот премиер.

Орбан, кого во Брисел го опишуваат како „конзервативен националист“ е еден од ретките европски челници кои одржуваат добри политички и економски односи со Русија, појаснил дека состанокот во Будимпешта би требало да биде фокусиран на моментален прекин на огнот, бидејќи за миривни преговори е потребно повеќе време.

„Одговорот беше позитивени, но рускиот претседател рече дека има одредени услови. Јас не можам да преговарама за тие услови, тоа паѓа нему и на украинскиот претседател“, повторил Орбан.

Унгарскиот премиер, кој се спротистави на европските санкции за руските енергенски како и на транспорт на западно оружје преку унгарска територија за Украина, повторно ја осудил руската офанзива во Украина велејќи дека станува збор за „агресија“.

„Оваа војна ја започнаа Русија, тие ја нападнија Украина и тоа е агресија, тоа е заеднички став на Европската унија и Унгарија“, рекол Орбан.

Како што претходно соопшти Кремљ, Москва не отфрла средба меѓу рускиот и украинскиот претседател, но услови дека таквата средба е возможна откако ќе се договори прелиминарниот текст на договорот меѓу двете преговорачки делегации. Од друга страна, Зеленски сугерираше дека таква средба можеби и нема да се одржи.

Русија и Украина започнаа разговори за мировен договор четири дена по почетокот на офанзивата на 28-ми февраури, а делегациите на двете земји одржаа веќе неколку директни средби во Белорусија и Истанбул.