Oрбан и Кси разговарале за мировниот план за Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во понеделникот се сретна со кинескиот претседател Кси Џинпинг за да разговараат за потенцијалниот мировен план за Украина, ненајавено допатувајќи во Пекинг неколку дена по разговорите со рускиот претседател Владимир Путин во Москва што ги разбесни некои од челниците на Европската унија, откако неколку дена претходно го поздравија неговото патување во Киев и разговорите на истата тема со украинскиот претседател Володомир Зеленски.

Орбан и Кси се сретнаа во државната резиденција Диаојутаи во Пекинг, објавија кинеските државни медиуми, а Орбан средбата ја опиша како трет дел од „мировната мисија“ што ја спроведува без согласност на Европската комисија и Украина.

И додека Унгарија штотуку го презеде ротирачкото претседателство со Европската унија овој месец, Орбан веќе се состана со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев и беше пречекан во Кремљ, потег што беше широко критикуван од неговите сојузници, иако Брисел и Ваштингтон организираат ткн мировни самит на кои Русија воопшто не е поканета.

„Мировна мисија 3.0“, напиша Орбан на X, по неговото слетување во Пекинг. Унгарскиот премиер е доследен критичар на западната воена помош за Украина за што вели дека само предизвикува натамошни жртви на двете страни и ја ескалира војната, а во ЕУ го критикуваат за неговите блиски односи со Кси и Путин

Кина, која има блиски односи со Русија, промовираше уште минатата година мировен план од десет точки кој веднаш го отфрлија Зеленски и САД иако зборуваше за територијален интегритет и суверенитет на Украина. Пекинг сега претстави пшовторно мировен план од шест точки што го предложи со Бразил во мај, предлагајќи меѓународна мировна конференција „во вистинско време“ и повикувајќи на еднакво учество и од Украина и од Русија.

Украина речиси три години попусто се надева дека ќе добие глобална поддршка за нејзините предлози за тоа како да се стави крај на војната со Русија пред да започнат разговорите со Путин, поради што минатиот месец одржа голем меѓународен самит во Швајцарија на кој Москва не беше поканета, а завршната изјава не ја потпишаа најголем дел од земјите учесници, вон ткн колективен Запад.

Но, планот на Киев и Бриел да ја исклучи Русија од какви и да се преговори, носејќи и закон дека со кој се забрануваат преговори со претседателот Владимир Путин, кој според рускиот устав мора да го парафира секој меѓународен договор. Кина го прескокна швајцарскиот самит и доби поддршка од Москва за нејзиниот мировен план. Индискиот премиер Нарендра Моди моментално е во Москва, а на дневен ред најверојатно ќе биде и темата за Украина.

„Меѓународната заедница треба да создаде услови за продолжување на директниот дијалог и преговори меѓу двете страни и да обезбеди поддршка. Во интерес на сите страни е да се бара политичко решение преку итно примирје““, му рекол Кси на Орбан, јавуваат кинеските државни медиуми.

Орбан рече дека Кина е „клучна сила која ќе создаде услови за мир во војната меѓу Русија и Украина“, наведувајќи го аргументот како причина за неговата средба со Кси само два месеци откако кинескиот лидер ја посети Будимпешта.

Кремљ соопшти дека Русија ги цени напорите на Орбан да ги разјасни позициите за решавање на конфликтот.

Зеленски рече дека Орбан не може да биде посредник, задача за која тврди дека светските сили можат да ја преземат.

„Има ли многу такви земји низ светот? Не многу. Верувам дека САД и Кина се такви земји. И ЕУ, не една земја, туку целата ЕУ“, рече Зеленски во текот на неговата посета на Полска.