Орбан: Мерките се навремени и прецизни, важен е секој живот

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави во петокот дека новите мерки за спречување на ширењето на коронавирусот се воведени „навремено и точно“ и дека „секој живот е важен“.

Во интервјуто за државното радио Орба рече дека унгарскиот здравствен систем може да им обезбеди на сите граѓани пристојна грижа, пренесе службената новинска агенција MTI.

Орбан додаде дека неговата влада, со цел да ѝ помогне на угостителската индустрија, ќе го намали ДДВ-то за оброците за носење и доставување, што е единствената форма на услуги што рестораните можат моментално да ја обезбедат.

Унгарскиот премиер, исто така, соопшти дека владата работи и на „осетно“ намалување на даноците за следната година