Орбан му честиташе на Путин за реизборот со желби за јакнење на соработката

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во четвртокот му честиташе на рускиот претседател Владимир Путин за неговиот реизбор на неодаменшните претседателски избори на кои го оствари својот најдобар изборен резултат откако пред речсиуи четврт век се појави на политичката сцена.

Европската унија, чиј член е Унгарија, оцени дека руските претседателски избори од 15-ти до 17-ти јуни се одржале во „многу ограничена средина отежната од нелегалната воена агресија против Украина“. Некои европски министри оценија дека изборите билее „фарса“.

Сепка, портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач рече дека Орбан, во писмото до Москва, „му честитал на Владимир Путин за неговиот реизбор, нагласувајќи дека соработката меѓу Унгарија и Русија, заснована на заемно почитување, овозможува важни разговори дури и во предизвикувачки геополитички контексти“.

„Премиерот Орбан ја потврди посветеноста на Унгарија за мир и подготвеноста за зајакнување на соработката во секторите кои не се ограничени со меѓународното право, нагласувајќи ја важноста на дијалогот во зајакнувањето на мирните односи“, напиша Ковач на X.

Орбан испрати порака до Путин во која му честиташе за реизборот за претседател и ја изрази својата подготвеност за развој на заедничката работа, изјави прес-секретарот на унгарскиот политичар Берталан Хаваси, кого го цитира унграрскат ановинска агенција МТI.

„Подготвени сме да ја зголемиме соработката меѓу нашите земји во области кои не се ограничени со меѓународното право (…) Соработката меѓу Унгарија и Русија се заснова на взаемно почитување, што ни овозможува да разговараме за важни прашања дури и во сегашната многу тешка геополитичка ситуација“, истакнал во честитката унгарскиот премиер.

Како што нагласил Орбан, Будимпешта е убедена дека „одржувањето на дијалогот е основен услов за брзо воспоставување на мирот“ во Украина.

Унгарија одржува поблиски односи со Русија од другите земји-членки на ЕУ. Во октомври Орбан рече дека е „горд“ на своите контакти со Путин, со кого се сретна во Кина и покрај напорите на ЕУ да ја изолира Москва од започнувањето на војната во Украина.

Унгарија во четвртокот соопшти дека нема да се приклучи на чешката иницијатива за набавка и испраќање оружје во Украина. Земјите од ЕУ и нивните сојузници од ткн Колективен Запад ги критикуваа изборите во понеделникот на кои Путин победи со огромно мнозинство, додека Кина и Индија, како и многу земји од Азија, Латинска и Централна Америка, Африка и Блискиот исток, му честитаа.