Орбан на челниците на ЕУ им го предал својот план за решавање на конфликтот во Украина

Мировниот план на унгарскиот премиер Виктор Орбан за решавање на конфликтот во Украина е на маса на сите челници на Европската унија, изјави во понеделникот политичкиот директор на шефот на владата Балаш Орбан во интервју за весникот Magyar Nemzet.

„Реална проценка на ситуацијата, реални цели и соодветен распоред е она на што се заснова нашиот пристап“, додаде тој.

Според функционерот, улогата на Унгарија не треба да се прецени, но не треба ниту да се потцени дека Орбан успеал да одржи неколку средби за две седмици, „на кои повеќето земји во светот чекаат со години“.

Будимпешта, како што рече Балаш Орбан, ќе го искористи целиот период на своето претседавање со ЕУ „да создаде услови за мировни преговори“, поставувајќи „политички иницијативи“ на разгледување.

„Премиерот на Унгарија детално ги информираше лидерите на ЕУ за неговите посети. да маневрираме меѓу различни интереси“, истакна политичарот. Доколку Европа е сериозна за мирот, може да создаде план кој има „барем минимални шанси за имплементација“, нагласи тој.

Виктор Орбан, во првата седмица откако Унагрија го презема шестмесечното претседавање со ЕУ, отпатува во Киев кад што се сретна со украинскиот претседател Володомир Зеленски. Неколку дена подоцна, унгарскиот премиер пристигна во Москва на 5 јули и се сретна со рускиот претседател Владимир Путин. Тој ја нарече посетата на Москва следната фаза од мировната мисија, која започна со патување во Киев на 2 јули. Унгарскиот премиер изрази намера наскоро да одржи неколку слични ненајавени средби.

Потоа Орбан престојуваше во Пекинг каде по средбите со кинескиот дражвен врв изјави дека Унгарија е против конфронтација со Кина и за соработка меѓу ЕУ и Кина. По Пекинг, унгарскиот премиер отпатува во Вашингтон на самитот на НАТО, на чии маргини имаше посебна средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Потоа разговараше со поранешниот американски претседател Доналд Трамп во неговата резиденција Мар-а-Лаго на Флорида.

По посетата на Кина, Орбан изјави дека кризата околу Украина треба да ја решат страните во конфликтот, но одлучувачко влијание врз нејзиниот крај според него имаат САД, Кина и ЕУ.

Шефот на европската дипломатија во заминување, Жозеп Борел, изјави дека Орбан не ја претставува ЕУ во меѓународните контакти на Брисел и нема европски мандат да ја посети Русија и покрај тоа што неговата земја стана претседавач со Советот на ЕУ на шест месеци. Орбан одговори на критиките на Борел велејќи дека напорите за воспоставување мир во Украина пропаѓаат поради „делириумот на бриселските бирократи“.

Претходно во понеделникот европското издание на Politico, повикувајќи се на тројца дипломати во Брисел, објави дека челниците на Европската унија планираат да го бојкотираат самитот на претставниците за надворешни работи на земјите членки организиран од Унгарија, кој треба да се одржи на 28/29 август. Наместо тоа, шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, наводно, размислува за одржување „формален“ совет за надворешни работи во исто време, за да ги спречи министрите за надворешни работи да присуствуваат на настанот организиран од унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Според Politico, потегот бил неформално разговаран со неколку членки, вклучително и Германија и Франција, а бил поттикнат од неодамнешната посета на Орбан на Москва, која беше осудена од други политичари на ЕУ.

Унгарија, која го презеде ротирачкото претседавање со Европскиот совет овој месец, е единствената ЕУ членка што го критикуваше ставот на ЕУ за конфликтот во Украина и одби да испрати оружје во Киев. Орбан, исто така, ја стопираше финансиската помош за Украина и постојано предупредуваше дека ниту неговата земја ниту европскиот блок како целина не треба да бидат вовлечени во војна со Русија и дека континуираното вооружување на Киев само предизвикува дополнителни жртви и води кон ескалација и проширување на војната.

Орбан отпатува во Киев, Москва и Пекинг на почетокот на јули, велејќи дека неговата „мировна мисија“ е обид да помогне во завршувањето на борбите меѓу Русија и Украина. Естонската премиерка Каја Калас, која е номинирана да го замени Борел како врвен дипломат на ЕУ, реагираше на посетите обвинувајќи го Орбан за „искористување на позицијата на претседателство со ЕУ за да сее конфузија“.

Унгарија ги затегна односите со Брисел уште пред да избие конфликтот во Украина, бидејќи ЕУ ја обвинува унгарската конзервативна влада дека го нарушува владеењето на правото дома. Орбан, сепак, инсистираше на тоа дека бирократите во Брисел се обидуваат да ја наметнат својата волја на Будимпешта и да го згазат нејзиниот суверенитет.