Орбан: „НЕ“ за европското царство, Србија треба да биде примена во ЕУ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, платил оглас во хрватскиот „Вечерњи лист“ под наслов „За иднината на Европската унија“, јавуваат хрватски медиуми.

Самиот чин, премиерот на една земја на ЕУ да плаќа и објавува оглас во друга земја на ЕУ, но и содржината предизвика лавина реакции.

Платениот оглас содржи седум предлози:

1. Во Брисел градат таква супердржава за која никој не дал овластување. Ние велиме „не“ на европската империја.

2. Интеграцијата е средство, а не цел само по себе. Од темелните договори на ЕУ треба да се избрише целта за „потесна унија меѓу народите во Европа“

3. Одлуките треба да ги носат избрани лидери, а не меѓународни невладини организации! Ние велиме „не“ за аутсорсинг на владеењето на правото.

4. Силата на европската интеграција е обезбедена со заеднички економски успеси. Ако не можеме да бидеме поуспешни заедно отколку индивидуално, тогаш тоа е крајот на Европската унија.

5. Следната деценија ќе биде период на опасни предизвици: ни се закануваат масовни миграции и пандемии. Ние мора да ги заштитиме луѓето во Европа.

6. Ние мора да ја вратиме европската демократија. Европскиот парламент се покажа како ќорсокак: тој ги претставува само неговите сопствени идеолошки и институционални интереси. Улогата на националните парламенти треба да се зголеми.

7. Србија треба да биде примена во Европската унија.

Очекувано, секоја од 7-те точки предизвика лавина реакции на ставовите на Орбан кој се смета за проблематичен и одметнат лидер кој со години ја критикува ЕУ…