Следните два-три месеци ќе бидат побрутални одошто мислиме, а ситуацијата на фронтот ќе биде уште полоша. Вака вели унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за германски „Билд“. Тој открива дека го заклучил ова по неговите средби со украинскиот претседател, а потоа и со рускиот претседател на кои, како што вели, им поставил идентично прашање:
– Им го поставив истото прашање и на двајцата. Ги прашав и двајцата шефови на држави (Зеленски и Путин) дали има шанса да се согласат на привремено примирје што ќе ги забрза мировните преговори. Да почнеме од прекинот на огнот затоа што во моментов сите размислуваат во друга насока, тие прво сакаат да постигнат мировен договор, па дури потоа да прогласат примирје – рече Орбан и додаде:
– И Русите и Украинците одговорија исто: Примирјето е во интерес на непријателот бидејќи за време на примирјето ќе имаат време да се реорганизираат и да се подготват за продолжување на војната – додаде унгарскиот премиер.
За борбата на фронтот Орбан е песимист.
ше исто така многу брутален – рече унгарскиот премиер.
На крајот од интервјуто за германскиот весник Орбан заклучува:
– Не се расправам кој е во право, а кој не. Затоа што целта ми е мир и прекин на огнот.
По Киев и Москва, Орбан го посети Пекинг, а оттаму се упати кон Вашингтон. Неговата мини-турнеја предизвика недоумица кај челниците на земјите во ЕУ кои го прозваа унгарскиот премиер за посетите, велејќи дека тој не ја претставува ЕУ во разговорите кои ги води.