Орбан порача дека европските и американските конзервативци мора да ги здружат силите

Конзервативците во Европа и во Соединетите држави мора заедно да се борат за „повторно да го освојат“ институциите во Брисел и во Вашингтон од либралите коишто ѝ се закануваат на западните цивилизации пред изборите во 2024 година, порача во четвртокот унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Според Орбан, следните американски избори, на коишто поранешниот републикански претседател Доналд Трамп би можел повторни да ја освои Белата куќа, и изборите за Европскиот парламент ја првата споменатата година особено важна.

Пораките на унгарскиот премиер дојдоа во неговиот говор на годишната конференција на конзевативците CPAC (Conservative Political Action Conference), најважниот американски конзервативен собир, кој годинава се одржа во унгарската престолнина Будимшешта. Станува збор за првата конференција на CPAC којашто се одржува во Европа, а воопшто се одржува од 1974 година.

„Таканаречените прогресивни либерали, омамените неомарксисти кои будни сонуваат, луѓето коишто ги финансира Џорџ Сорос и промоторите на ткн отворени опшества… сакаат да го уништат западниот начин на живот кој вие и ние толку го сакаме… Мораме да го координираме движењето на нашите сили, соочувајќи се со голем тест, 2024-та би можело да биде решавачка година“, рече Орбан.

Орбан, кој на унгарските избори во април годинава го доби убедливо четвртиот мандат со ред, изнесе 12 точки за коишто оцени дека се клучни за да се обезбеди доминацијата на конзервативизмот, вклучително и политиката водена од нивните принципи, заштитата на националните интереси и контролата над медиумите.

„Мораме повторно да ги освоиме институциите во Вашингтон диси и во Брисел“, порача Орбан.