Орбан предупреди дека 130.000 мигранти веќе се на Балканот, и треба да бидат спречени

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави во средата дека 130.000 мигранти веќе ја минале турско-грчката граница, како и дека тие мора да бидат запрени што е можно појужно.

„Нема да биде доволно да се одбрани турско-грчката граница“, рече унгарскиот премиер Виктор Обран на заедничката прес-конференција во Прага со премиерите на земјите од Вишеградската група, групата централноевропски членки на Европската унија која ја сочинуваат Полска, Словачка, Унгарија и Чешка.

Орбан рече дека мигрантите кои ќе ја мината грчката граница мора да бидат запрени пред нивното влегување во другите земји, додавајќи дека траба да им се даде помош на Македонија и на Србија, а доколку мигрантите ги минат и границите од овие земји, Унгарија ќе ја формира последната  бариера.

„Како последно средство ќе ја одбраниме европската надворешна граница“, порача Орбан, кого го цитира унгарската новинска агенција MTI.

Унгарскиот премиер на самитот на Вишеградската група порача и дека ставнот на неговата земја за илегалните миграции станал општоприфатен во Европа.

„Политиката којашто сега е добропозната ширум европската заедница претставува успех… Најавивме политика против мусламанските миграции“, додаде Орбан, алудирајжи меѓу другото и на жичената ограда на унгарско-спрската граница изградена во текот на големата мигрантска криза во 2015 година.