Русија не може да ја победи Украина бидејќи целиот западен свет се построи зад Киев, но таа е нуклеарна сила која не може да биде стерана во ќош, истакна унгарскиот премиер Виктор Орбан заложувајќи се за итни мировни преговори
Орбан нагласи потребата што побрзо да се воспостави примирје во Украина и да започнат мировни преговори.
„Русија не може да победи, бидејќи целиот западен свет се построи зад Украина. Во исто време, Русија е нуклеарна сила и нуклеарна сила не можат да биде ставена во ќош, бидејќи таква земја може да предизвикаат нуклеарна војна. Потребне ни е прекин на огнот и мировни преговори. Колку побрзо, толку подобро“, напиша Орбан на Twitter.
Во петокот, 24-ти февруари, се одбележува годишнината од руската инвазија на Украина, односно „специјалната воена операција“, како што Москва ја нарекува оваа воена интервенција.