Десничарскиот суверенистички премиер на Унгарија, Виктор Орбан, се заканува дека ќе стави вето на новиот седумгодишен буџет на Европската унија доколку Брисел не ги деблокира европските фондови на Унгарија.
Орбан ја упати заканата во интервју за унгарското државно радио во петокот. За одобрување на буџетот на ЕУ потребна е согласност од сите земји-членки.
„Можам со сигурност да кажам дека нема да придонесам за тоа“, рече Орбан осврнувајќи се на европскиот буџет, „доколку средствата кои сè уште ѝ се блокирани на Унгарија не се обезбедат во новиот долгорочен буџет“.
Орбан во минатото веќе неколкупати вршеше притисок врз Европската комисија со своите закани за вето.
Комисијата сè уште блокира речиси 12 милијарди евра средства наменети за Унгарија, како и милијарди евра помош во борбата против коронавирусот. Брисел ќе ја укине блокадата со условување Унгарија да спроведе дополнителни реформи за зајакнување на владеењето на правото, за кои има забелешки кои официјална Будимпешта ги отфрла како неосновани.
Преговорите за новиот повеќегодишен буџет на ЕУ за периодот од 2028 до 2035 година треба да започнат кон средината на 2025 година.