Унгарскиот премиер Виктор Орбан вели дека иако на Украина и е потребна помош, европските лидери треба да ја преиспитаат својата стратегија, бидејќи санкциите ѝ нанесоа голема штета на европската економија, а притоа не ја ослабнаа Русија или не ја доближуваат повеќемесечната војна до решение.
„Европската унија „сама си пукаше во белите дробови“ со непромислени економски санкции против Русија поради нападот врз Украина, кои, доколку не се повлечат, ризикуваат да ја уништат европската економија“, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Отпрвин мислев дека само си пукавме во стапалото, но сега е јасно дека европската економија си пукаше во бели дробови и нема воздух“, рече Орбан, долгогодишен критичар на санкциите, во интервју за унгарското државно радио, пренесува Ројтерс.