Орбан согласен со изјавите на Макрон за последиците по Европа од западните санкции

Европа треба да размисли за ревидирање на санкциите против Русија воведени поради нејзината инвазија во Украина, поради последиците по неа од вмешаноста во конфликтот, изјави доцна во понеделникот унгарскиот премиер Виктор Орбан што е на линија на неодамнешните изјави на францускиот претседател Емануел Макрон дадени во текот на неговата посета на САД.

Претходно викендов Макрон дека Европа и САД се вклучени во војната во Украина „во името на истите принципи“, но цената што ја плаќаат не е иста на двете страни на Атлантикот.

„Макрон е во право: центара на конфликтот меѓу Русија и Украина не е иста на двете страни на Атлантикот. Ако сакаме да опстане европската индустрија, мора брзо да ја разрешиме енергетската криза. Време е да се преиспитаат санкците“, објaви на социјалните мрежи Орбан чија држава е една од трите членки на ЕУ кои се изземени од нафтеното ембарго и лимитирањето на цените на руската нафта кое на сила стапи во понеделникот.

Францускиот претседател Емануел Макрон во Вашингтон ги осуди „суперагресивните“ мерки на администрацијата на претседатело Џо Бајден за джавна поддршка на американската индустрија и предупреди дека тие ризикуваат „фрагментација на Западот“. Францускиот претседател на првиот ден од официјалната посета не ја криеше загриженоста при средбата со американските парламентарци од двете партии.

Огромните субвенции што американскиот претседател одлучи да ги даде во големиот економски и социјален закон наречен „Закон за намалување на инфлацијата“ (IRA) се „супер агресивни за нашите компании“, се пожали францускиот претседател.

„Не сакам да станамe пазар за американски производи затоа што ги имам истите производи како и вие. Имамe средна класа (која мора) да работи и луѓе кои треба да најдат работа. А последицата на IRA е тоа можеш да го решиш својот проблем, но ќе го влошиш мојот. Жал ми е што сум толку директен“, рече Макрон.

Макрон пристигна во Вашингтон во својата втора државна посета од преземањето на должноста во 2017 година, која уште пред да започне француските власти најавија дека ќе се спротивстават на Џо Бајден за субвенциите од овој закон. За време на состанокот со парламентарците во Конгресната библиотека, Макрон рекол дека Законот за намалување на инфлацијата е „суперагресивен“ кон европските компании, изјавил еден од учесниците во разговор за Reuters под услов да остане анонимен.